ВМРО-ДПМНЕ: Имаме сознанија за уфрлање на поединци, инструирани од власта, за дискредитирање на протестот

Прочитај за: < 1 минута

Од ВМРО-ДПМНЕ ги повикуваат граѓаните да им се придружат на протестот закажан во 18.30 часот.

-Гоце Делчев е еден од најсветлите ликови врз чии постулати почива современата македонска држава. Денешниот протест кој ќе започне пред министерството за правда па се до МНР е собир на кој ќе изразиме поддршка за членството во ЕУ, за Македонија и за Гоце Делчев кој е нашето постоење и нашиот идентитет, се вели во повикот на ВМРО-ДМНЕ.

Отаму додаваат дека имаат сознанија за уфрлање на поединци инструирани од власта, кои наводно ќе имаат задача да го дескредитираат протестот.

-Предочуваме за сознанија за уфрлање на поединци кои се инструирани од власта, кои ќе имаат за цел да го дискредитираат протестот со елементи на говор на омраза и изразување на ставови кои не се дел на партијата, за да подоцна се дискредитира ВМРО-ДПМНЕ.

Однапред се оградуваме од таквите инструирани сценарија кои само им одат во прилог на структурите на власта кои ја држат државата заробена и не посакуваат напредок. Токму затоа на однапред видно одбележано место пред Министерството за правда ќе се делат пораки и транспаренти кои ќе бидат дел од протестот чија јасна цел ја кажуваме денес. Ве повикуваме сите во 18:30 часот, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

SHARE