ВМРО-ДПМНЕ: Имаме парламентарно мнозинство, ама бројките варираат на дневна основа

Прочитај за: < 1 минута

Сакаме 100 проценти да бидеме сигурни во нашето парламентарно мнозинство за да можеме без проблем да ја срушиме власта – брифираат високи партиски извори од најголемата опизициска партија.

Денеска имаме 58 пратеници, а утре имаме 63. Другиот ден, пак, сме добиле уште еден пратеник, а сме изгубиле двајца. Работите се менуваат на дневна основа, но сериозно работиме на формирање парламентарно мнозинство, велат од опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

– Ако денеска ни поставите прашање дали имаме парламентарно мнозинство, тогаш ќе ви одговориме дека имаме. Но, ако ја ставиме точката на дневен ред во Собранието, сè уште не можеме да бидеме сигурни дали пратениците ќе ѝ изгласаат недоверба на власта. Едноставно, штом ова прашање биде официјално отворено, во истиот тој момент пред Собранието ќе пристигне комбе полно со пари и ќе настане циркус во боја. Затоа сакаме 100 проценти да бидеме сигурни во нашето парламентарно мнозинство за да можеме без проблем да ја срушиме власта – брифираат високи партиски извори од најголемата опизициска партија.

По соборувањето на власта, велат оттаму, најважно е земјава да добие техничка или експертска влада која ќе организира парламентарни заедно со локалните избори.

– Ако имаме таков тип на влада којашто ќе понуди гаранција за кредибилни избори, тоа би било добро за сите нас – брифираат од ВМРО-ДПМНЕ.

Извор: Плус Инфо

- Следи Македонски Весник за повеќе содржини -

SHARE