Судијата Панчевски со емотивен апел за обединување против “злото што владее со Македонија”

Прочитај за: 2 минути

Судијата Владимир Панчевски повикува на обединување на сите противници на владеачката коалиција со цел да се создадат услови за враќање на достоинството и името Македонија.

На Македонија сега и веднаш и треба обединување онакво големо СЕМАКЕДОНСКО да ГРМИ, да ТРЕШТИ, од душата да ти се ослободи грутката и солзи да потечат од радост, да си ја вратиме државата да си го вратиме достоинството!

Ги повикувам сите!

– Македонски патриотски здруженија,
– Бојкотирачи,
– Лидери на политички партии (освен предавничката коалиција на власт),
– Сите поединци и граѓани кои се против злото што владее со Македонија и кое не предаде за векови,
– Водачи на движења и организации

Фрлете ги своите суети обединете се, веднаш да оформиме обединувачка изборна платформа и коалиција за убедлива победа на Македонија и македонците да му покажеме на светот дека Македонците се суверени на оваа територија и дека оваа МАКЕДОНСКА ДРЖАВА постоела и ќе постои како таква и нема да биде територија за поткусурување!

Македонци, сите наброени подадете си рака и не се препукувајте меѓу себе, сите во душата истото го сакаме нека историското ВМРО оживее како феникс во пламен!

Преспанскиот договор и Северна се и ќе бидат мртви не зошто некој ќе дојде и ќе ги смени туку зошто народот го сака тоа и никогаш нема да го прифати предавството. Сите ги слушам се тепаат кој ќе го врати името, а сите сме свесни дека тоа е процес дали траел 10 дена или една година не е важно сите сме единствени во тоа што го сакаме, чувствуваме и не боли.

До сега мислам дека сите сфативме дека за да се оствари ова треба да си многу силен како власт, а нас сите преголемата болка и желба за историското име не прави разединети.

Тоа што на сите ни е во срцето не разединува и отуѓува, да се здружиме МАКЕДОНИЈА ДА ГРМИ!

Верувам во силата на Македонија и македонците! А после победата на 12 април 2020 година да ги засукаме ракавите и да одработиме за достоинствен живот.

SHARE