[Видео] Мајката на Горан Пандев: Земи да учиш, остај фудбалот

Прочитај за: < 1 минута

Кога пред повеќе од 20 години Горан Пандев ја почнал кариерата, не ни помислувал дека еден ден ќе биде меѓу најдобрите македонски фудбалери, уште помалку, пак, дека ќе игра во некој од престижните фудбалски клубови во Европа. Во тоа време фудбалот му бил само забава. Вели наместо да учи, сакал да игра топка на улица со другарите. Од топката на улица до „Интер“, не било лесно.

„Мајка ми ме караше, ми викаше, доста со фудбал, земај книга. А мене, на 15 години, кога почнав да играм фудбал во првиот тим на ‘Беласица’, само фудбалот ми беше на памет. Тогаш на еден турнир ме видоа луѓето од ‘Интер и полека почна да се остварува мојот фудбалски сон“, вака ја започнува својата приказна Пандев.

SHARE