[Видео] Стотина полицајци упаднаа на Вевчанскиот карневал, жителите ги дочекаа со пцовки

Прочитај за: < 1 минута

Стотина полициски службеници влегоа во Вевчани за да го растурат карневалот кој се одржуваше во општината. Меѓу полицијата имаше припадници и на Единицата за брзо распоредување. Граѓаните кои дојдоа да го следат карневалот, но и жителите, полицијата ја докчекаа со пцовки, исвриркување, карање, но и провокации.

Од МВР нема официјална информација зошто е постапено и каков е исходот од акцијата на полицијата. Полицијата реагирала за да се спречи групирање и непочитување на мерките за заштита од коронавирус.

Полицијата во Вевчани дојде со неколку комбиња. Неофицијално, уапсени се неколку лица кои учествувале на карневалот. Акцијата на полицијата се одвиваше со многу караници меѓу службениците и учесниците на карневалот.

Од организација на карневалот се откажа Општина Вевчани, но не и невладините организации и дел од жителите.

- Следи Македонски Весник за повеќе содржини -

SHARE