Вељаноски: Од ВМРО ни беше побарано да ја почитуваме вољата на народот изразена на законски организиран референдум

трајко вељановски
Прочитај за: < 1 минута

Од сите кандидати за пратеници на ВМРО секогаш било барано да прифатат два принципи. Првиот, да ја почитуваат изборната програма врз основа на која гласачите им ја дале довербата и честа да бидат народни пратеници. И второ, да ја почитуваат вољата на народот изразена на законски организиран референдум. Секој пратеник за себе, но и гласачите, најдобро знаат кој ја оправдал довербата на народот, а кој ја продал вољата на гласачите за три сребреници.

SHARE