Позната македонска веледрогерија може да увезе 2,5 милиони дози вакцини „Фајзер” за една недела!

Прочитај за: < 1 минута

Позната македонска веледрогерија можела и сè уште може да увезе 2.5 милиони дози од вакцината на „Фајзер”, а за тоа се известени и високи личности од државниот врв, објави „Плусинфо“.

“Веледрогеријата може да ги увезе вакцините по цена од 30 евра за една доза, или вкупно 75 милиони евра.

Веледрогеријата е спремна да го обезбеди плаќањето преку сопствен партнер во банкарскиот сектор.

Во случај да постои спремност за ова, вакцините на „Фајзер” преку оваа веледрогерија би стасале во рок од една недела, тврди извор за Плусинфо.”

Повеќе >> Плус Инфо

- Следи Македонски Весник за повеќе содржини -

SHARE