Ванчо Узунов контра Заев: Платите нема сами по себе да се качат со членството во НАТО

Прочитај за: < 1 минута

Зоран Заев тврди дека со членството во НАТО граѓаните економски ќе живеат подобро, но неговиот советник, професорот Ванчо Узунов во емисија соопшти дека Македонија економски нема да добие ништо од воената алијанса. Советникот на премиерот Зоран Заев потенцира дека секој треба сам за себе да се избори, а не да чека нешто да се случи за да има економска придобивка.

Ништо НАТО нема да ни донесе, ние треба да си оствариме. Значи не може современ развој да биде чекање, некоја трик карта, некое членство и ние ќе се развиеме. – рече Узунов.

Заев тврдеше дека „членството во НАТО за нас значи мир и стабилност и е најсилна гаранција за нашата безбедност. Веруваме дека тоа ќе донесе подобар живот за нашите граѓани, како на политички, така и на економски план. – рече Заев за време на средбата со Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг.

izvor – republika.mk

- Следи Македонски Весник за повеќе содржини -

SHARE