Се урива бетонската база на советникот од ДУИ, Нефи Усеини во Охрид

Прочитај за: < 1 минута

Општина Охрид денеска почна да ја урива бетонска база на советникот од редовите на ДУИ Нефи Усеини. Градежна механизација ангажирана од Општината со кранови почна да ги отстранува дивоизградените објекти од брегот на Охридското Езеро во населбата Далјан.

„Акцијата на оваа локација почна денеска и ќе продолжи во наредните денови. Станува збор за објект кој е изграден без каква било дозвола“, велат од Општина Охрид.

Општина Охрид пред две недели почна со акција за отстранување на дивиозградени објекти, шанкови и платформи долж Езерото.

Извор: sdk.mk

SHARE