Тврдокорни: Православната литургија во Македонија нема да прекине

Никогаш северна-само Македонија
Прочитај за: 2 минути

Родољубното здружение „Тврдокорни„ кое е дел од Коалицијата „Никогаш северна-само Македонија“ најостро реагира на вчерашните најави за забрана на литургиите во македонските православни храмови од следните причини:

Разни делови од народот исполнуваат свои должности во името на сите. Некои од нас во името на народот ја бранат татковината, некои даваат услуги, некои работат на материјалната издршка, а некои во името на сите се молат и се застапуваат пред Бог.

Ако никој не служи во Македонија, нема кој да не застапува пред Бог. Ние православните христијаните без литургија сме мртви. Тоа нам ни е храната за да живее духот. Да се превземат сите стандардни мерки на заштита но отворено кажуваме не доаѓа во предвид да дозволиме служењето пред Бог да биде спречено.

Оставете го ова прашање, затоа што нашиот одговор ќе биде безкомпромисен.

Постојат работи и полоши од корона вирусот. Да не се надеваат безбожниците дека начекале прилика за да ја замолчат Црквата. Посебно немој да се дрзнувате редовните дрзници за ова прашање да повикуваат друговерци или атеистички гласила. Држете се до вашите убедувања, не ни ги чепкајте нашите.

Како што рече еден православен Владика ако се отворени и работат фабриките, ако работи градскиот превоз тогаш со истите мерки ќе делуваат и православните храмови. Нам православните верници литургијата ни е неопходна за живот. Потребна ни е и материјална и духовна храна.

Никој да не се осмелил да превземи било каква казнена мерка према православен свештеник кој служи почитувајќи ги безбедносните мерки. Работете си ги работите оставете ја Црквата да си ја остварува својата духовна и народна служба. Ако ги исполнуваме сите безбедносни мерки зарем ќе ни го оспорите основното човеково право правото на вероисповед. Ако е дозволено за телесно здравје да се излези и да се вежба на определено растојание, на истиот начин мора да бидат дозволени нашите чинови кои ни служат за духовно здравје. Ако има опасност од вирусна зараза не значи дека треба да умриме само за да не се заразиме.

Со почит,
Центар за комуникации на Коалицијата „Никогаш северна-само Македонија„

SHARE