Трајанов: Ние сме против дилот на Заев и Мицкоски за амнестија на криминалот за дивоградбите

павле трајанов
Прочитај за: 2 минути

Според Павле Трајанов, лидерот на Демократскиот сојуз законот за легализирање на дивоградбите очигледно е договор мегу двете најголеми партии произлезен од тет а тет средбата Заев – Мицкиоски, за што најдобар доказ е вметнатиот амандман за членот 41 за амнестија на кривичните дела поврзани со дивоградбите.

Тој очекува законот да се доработи низ една широка стручна и јавна расправа и после да се гласа во парламентот. Ако СДСМ и ВМРО ДПМНЕ пак го стават на гласање истиот закон што не го потпиша претседателот Стево Пендаровски, петте пратеници од помалите партии ќе го блокираат со амандмани.

– Ние не сме против одредена категорија на дивоградби и граѓани да добијат шанса за легализација, но нема да дозволиме легализирање на хациенди и базени во заштитени подрачја. Нема да дозволиме амнестија на криминалите на претходните власти и продолжување на институционалниот криминал кој периодично завршува со нова амнестија во парлементот и никој за ништо да не одговара за упад во правниот систен, дерогирање на законот за кривична постапка и наградување на богатите и урбаната мафија. Ние како коалициони партнери во власта не сме информирани од Заев што договорил со Мицкоски, но таквите дилови на водачи на племенски заедници мене како пратеник не ме интересираат – изјави Трајанов во емисијата „Стадион“ на Радио Канал 77.

Трајанов се извини на граѓаните ако можеби сфатиле погрешно дека барал да биде вакциниран со Фајзер, но рече дека станува збор за непринципиелност и манипулација од министерот за здравство.

– Откако беше објавено дека ќе бидеме вакцинирани со Фајзер, министерот се исплаши од јавноста и авторитарно ја смени одлуката и не вакцинираше со Спутник. Подобро ќе беше да се фокусира на набавката на вакцини кои доцнеа 5 месеци, иако разузнавачки информации уште лани во август предупредуваа да се започне веднаш со авансирање кај производителите. Којзнае можеби законот за дивоградбите е услов ВМРО ДПМНЕ да гласа за изградбата на Клиничкиот центар, можеби тоа го договориле лидерите на големите партии – забележа Трајанов.

Повеќе >> ММС

SHARE