Тони Стојановски: Говорот дојде сам од срцето, не сум член на ниту една партија

Прочитај за: < 1 минута

Тони Стојановски, коментаторот кој предизвика катарза во јавноста со својот говор на синоќешниот натпревар помеѓу Грузија и Македонија, по кој нашата фудбалска репрезентација за прв пат во историјата се пласираше на Европското првенство, за „Фактор“ вели дека тоа што го искажал не било однапред подготвено и било кажано од срце.

Тој вели дека не верува дека ќе биде казнет за начинот на кој го коментираше телевизискиот пренос од победата против Грузија во Тбилиси, ниту пак дека имало политичка позадина во сето тоа.

– Им благодарам на сите за поддршката, се уште не можам да им одговорам на сите, реакциите се многубројни. Благодарен сум и за негативните критики кои не се испоганети. Единствено добив само една закана од лице кој, како што можев да видам, имаше партиска иконографија на својот профил, рече Стојановски.

ТВ-коментаторот на националниот сервис вели дека во она што го искажал немало ниту партиска, ниту политичка позадина, ниту пак дека добил некакви инструкции од раководството на „Национална радиотелевизија“

– Тоа е мој личен став, тоа не може да се објасни, особено на оние кои не го препознааваат овој успех. Ова е голем чекор на изградба на нација, која не се гради во Пржино или пред Пржино. Ова не е само фудбалки пласман, туку многу повеќе од тоа. Не сум член на политика партија и нема да бидам. Мој став е дека партијата го ограничува човекот. Тоа беше само говор во кој единствено воведот беше однапред подготвен и немаше да биде искажан да не победеше репрезентацијата. Јас сум само коментатор, јас не го дадов голот, вели Стојановски.

Повеќе >> Фактор

– Следи Македонски Весник за повеќе содржини –

- Следи Македонски Весник за повеќе содржини -

SHARE