[Видео] Високотоксична хемикалија се излеа во „Охис“

Од цистерна во фабриката „Охис“ од цистерна се излеала високо токсична и опасна материја. Во моментов во фабриката има големо присутство на полиција и противпожарно возило, а се уште нема официјални податоци за тоа за каква материја станува збор и колку е таа опасна по здравјето за граѓаните.

Забранет е влезот за новинарските екипи во фабриката, а неофицијално, двајца од вработените биле изнесени со брза помош од фабриката.

Од кругот на фабриката се шири непријатна миризба, но никој од присутните засега не дава подетални информации за тоа што се случило.

Извори за „А1он“ потврдуваат дека во фабриката настанал хаос откако од цистерна се излеала хемикалијата, а најверојатно станува збор за метанол и во моментов се интервенира за да се санираат штетите.

loading...
SHARE