ТАЈНИ ДОКУМЕНТИ: По 4 чашки виски Милошевиќ попуштил пред Дејтонскиот договор

Прочитај за: 2 минути

По два часа разговор и четири чашки виски поранешниот претседател на Србија, Слободан Милошевиќ, направил значителни отстапки за статусот на Сараево, во разговорите водени во САД во 1996 година, пред склучувањето на Дјетонскиот договор, пишува во тајни документи кои ги пренесува српски Блиц.

Београѓани гледаат како тогашниот претседател на САД, Бил Клинтон соопштува дека постигнат е Генерален рамковен договор за мир во Босна и Херцеговина, или Дејтонски договор за крај на војната во БиХ / Белград, 21 ноември 1995 / Фото: EPA SRDJAN SULEJMANOVIC

Милошевиќ притоа организирал и вечера на која се служеле јастози. Тој сакал да ги малтретира соговорниците, но и разменувал шеги со претседателот на Претседателството на БиХ, Алија Изетбеговиќ.

Алија Изетбеговиќ / 1996 / Фото: PA/FEHIM DEMIR

Додека Србите ги оплакуваа своите најблиски кои загинаа во војната во Босна и се скараа под економски санкции, Милошевиќ не се раздели од виски, се вели во тајните документи на кои се повикува Блиц.

Преговорите во Дејтон траеја од 1 до 21 ноември 1995 година, а договорот со кој се стави крај на четиригодишната војна во Босна беше потпишан во Париз на 14 декември. На договорот му претходеа разговори што се водеа во воздухопловната база „Рајт-Патерсон“ во Охајо.

Главни учесници во разговорите беа претседателот на Србија Слободан Милошевиќ, претседателот на Претседателството на БиХ Алија Изетбеговиќ и претседателот на Хрватска Фрањо Туџман.

SHARE