Ханиф Зендели од гостиварска апелација, ќе биде нов член на Судскиот совет. За него гласале 239 судии, а за Артан Лимани од скопска двојка, кој ги повлекол документите 190. Имало и 37 неважечки ливчиња, а 28 судии не гласале, се вели во известувањето на Комисијата која го спроведуваше изборот во сите судови, з еден член од заедниците, на местото на Шемседин Јусуфи во Судски.
Комисијата соопшти дека:
Од прелиминарното сумирање и утврдување на резултатот од гласањето за избор на член на Судски совет од редот на судиите припадници на заедницата која е повеќе од 20% од населението во Р.Македонија, одржани на ден 22.01.2020 година од вкупно запишани 494 судии во Судскиот изборен именик, гласале 466 судии. Неважечки гласачки ливчиња 37, а неупотребени 28 гласачки ливчиња.
Кандидатите одделно го добиле следниот резултат:
1. Артан Лимани – 190 гласа
2. Ханиф Зендели – 239 гласа
Но, во соопштението на Комисијата нема ниту еден збор дали гласањето е законито, по информацијата која се дозна уште вчера дека судијата Артан лимани ги повлекол документите, па дел од судиите знаејќи го овој факт, гласале за другиот кандидат, а за него, иако повлечен, сепак поддршка дале 190 судии.
Претседателот на Судски совет Киро Здравев рече дека во понеделникот дознал за повлекувањето на Лимани, но било доцна да се интервенира бидејќи гласачкиот материјал се дистрибуирал.
Ваквата информација денеска внесе забуна кај судиите, а голем дел иако дознале утрово, сепак гласаа за него.
Иако Лимани навел лични причини, судиите се сомневаат во таа приказна и гласно зборуваат дека имало притисок од ДУИ да се избее Зендели и на тој начин оваа партија воспоставила целосна контрола над 4 членови Албанци во Советот, неопходни за мнозинство по Бадентер, посебно сега кога треба да се изберат 6 судии на скопска Апелација и 6 на Врховниот суд.
Секој избор без овие гласови е невозможен.
Денешниот избор повторно покаажа дека судиите во најголем дел работат како што ќе им кажат, бидејќи новиот член на Судски има едвај 4 години стаж како судија, па во тој период ретко кој би можел да го процени преку донесени пресуди.