Националната стратегија за електронско здравство на владина седница

Прочитај за: < 1 минута

Владата на денешната седница ќе ја разгледа информацијата во врска со отпочнување активности за спроведување на Националната Стратегија за мали и средни претпријатија 2018-2023-та година, со Акциски план.

На дневен ред на денешната седница е и информацијата за прогресот на реализација на акцискиот план за пристапни рампи за лицата со инвалидност, како и информацијата за подготовка на национална стратегија за електронско здравство, со Предлог – одлука.

Како материјал за информирање, Владата на Република Северна Македонија ќе ги разгледа Информацијата за прогресот во однос на обезбедување на посебен софтвер (програма) за внесување и процесирање на податоци за сообраќајни незгоди „Електронски записник од увид во сообраќајна незгода“, како и информацијата за прогресот и реализацијата на проектот „Креирање на стандарди на професионални компетенции“.

извор: Плусинфо

- Следи Македонски Весник за повеќе содржини -

SHARE