[Фото Галерија] Столе го започна шоуто уште во Келн, шампионите на пат кон историскиот дочек!

Прочитај за: < 1 минута

По ручекот во хотелот „Радисон Блу“ во Келн, европските шампиони се упатија кон аеродромот Бон-Келн, од каде со чартер лет ќе тргнат за Скопје. Видно уморни, но емоционално полни, вардарци со нетрпение го чекаат дочекот. Оние кои беа дел од историјата впишана пред две години им раскажуваат на новајлиите како беше на аеродромот и плоштадот во Скопје. Во режија на Столе и Тимур шоуто започна уште во Келн, па може да претпоставите како ќе биде низ Скопје попладнево и вечерва.

Извор: gol.mk

- Следи Македонски Весник за повеќе содржини -

SHARE