[Видео] Јакимовски: Бранко Црвенковски ми се закани дека ќе завршам како Љубе Бошковски!

Прочитај за: 2 минути

Беше изненадување дека на пратеничките листи на ВМРО ДПМНЕ не се најдоа политички играчи од типот на Стевче Јакимовски или на Страшо Ангеловски од МААК. Луѓе и политичари кои со својата енергија и патриотски настапи обезбедуваа да не згасне таа патриотска енергија во десниот политички блок. Вака разочараните десничари од ВМРО како да се тераат да гласаат за Левица и Апасиев.

Стевче Јакимовски беше гледан како потенцијален наследник на Бранко Црвенковски во СДСМ. Групата на Наташа Савова, која беше многу моќна во таа партија, секогаш го форсираше Јакимовски. Односите меѓу Јакимовски и Црвенковски беа скоро идилични до 2013 година кога Јакимовски не го прифати најавениот бојкот на локалните избори од страна на Црвенковски. На средбата која ја има со Црвенковски, Јакимовски, како што самиот кажува, имал закани дека ќе заврши како Љубе Бошковски.

Многу е чудна таа политичка кариера на Јакимовски. Тој беше дел од Реформските сили на Стојан Андов, а беше во конфликт со Андреја Јосифовски од Макпетрол која важеше за фирма од најголема доверба на Андов. Поради конфликтот со Јосифовски бев сменет од функцијата министер за еконоимија, вели Јакимовски.

Иако никогаш не беа во добри односи со Заев, луѓе блиски на Заев пред формирањето на владата во 2017 година му понудиле со двајцата пратеници на ГРОМ да биде дел од таа влада, но јас одбив вели Јакимовски.

Поранешниот Потпретседател на ВМРО ДПМНЕ, Митко Јанчев и луѓе од олигархијата учествуваа во убедувањето на Панчо Минов да гласа така како што гласаше, вели Јакимовски.

Во 1998 година на парламентарните избори во општина Карпош водевме жестока битка со Орце Камчев, во таа кампања дури му беше запален и џипот на Камчев, јас како кандидат на ЛДП, а Камчев како кандидат на СДСМ, вели Јакимовски, а на крајот победи Данило Глигоровски од ВМРО ДПМНЕ.

Каква е улогата на Никола Груевски во продажбата на ОКТА и дали Петар Гошев го покри работењето на Груевски како министер за финансии, за кого е сега олигархијата, ќе може да слушнете од интервјуто со Стевче Јакимовски.

Извор: Во Центар

SHARE