Стефанова: Судијката Кацарска беше цел ден и ноќ во судот кога се решаваше за притворот на Камчев

Прочитај за: < 1 минута

Од отворање на истрагата и претресот во неговите фирми, за случајот „Империја“ осомничениот Орце Камчев праќаше судии, обвинители, политичари и бизнисмени, рече во сведочењето за случајот „Рекет“ обвинителката Лиле Стефанова.

Стефанова посочи дека судијката Добрила Кацарска, преку колега на обвинителката Лиле Стефанова, вршела притисок да не се одреди мерката притвор на осомничениот Јордан Камчев, за предметот „Империја“ и додаде дека имало притисок и од политичари.

– Точно е дека судијата Добрила Кацарска, беше цел ден и ноќ во судот кога се одлучуваше за притворот на Камчев – рече Стефанова, во прашање на одбраната на обвинетиот Бојан Јовановски.

Сведокот Стефанова, во оваа прилика зборуваше и за Жарко Луковски, поранешниот директор на Телеком, кој почина минатата година. Според Стефанова, лицето Луковски, бил сведок во случајот „Империја”, а не осомничен.

-Тој имаше сознанија за работата на фирмите Ексиско и Финзи, за предметот „Империја”, а осомничен беше во предметот „Базни Станици”.

Судењето за “Рекет”, продолжуваа по неколку одложувања

SHARE