Србија најавува производство на руската вакцина Спутник

Прочитај за: < 1 минута

Српските власти тврдат дека вакцината Спутник брзо ке почне да се произведува на институт Торлак во Белград. Српските и руски експерти веке почнаа да соработуваат и разменуваат искуства.

Научниците од Србија го посетија погонот во Русија, а во наредниве недели Русите ке ја возвратат посетата, соопшти државниот секретар во српското министерство за здравје Мирсад Герлек.

Ваквите планови претходно ги најавија и Вуќик и Брнабик. Сепак, за разлика од оптимизимот на власта, дел од стручната јавност во Србија не верува дека во Торлак има капацитети за вакво производство, но признаваат дека постои можност вакцината таму да се препакува во соодветни дози за да се дистрибуира во регионот и пошироко.

Рускиот фонд за инвестиции веке направи договори за прозиводство на Спутник во Индија, со план за околу 300 милиони дози во текот на оваа година, Јужна Кореа, Бразил, Кина, Казахстан, а можна е соработка и со Турција.

Во меѓувреме, поради недостиг на вакцини и ЕУ најави дека ке ги набави кинеските и руски вакцини доколку тие добијат дозовола од европската агенција. Унгарија, пак веке нарача 2 милиони дози на Спутник и пет милиони кинески вакцини, обвинувајќи ја Унијата дека нема капацитет да ги имунизира навремено своите граѓани.

Извор: Сител

- Следи Македонски Весник за повеќе содржини -

SHARE