Според првите луѓе во здравството: Спојување на јавните со приватните болници носи придобивки

здравство, министерство за здравство, венко филипче
Прочитај за: < 1 минута
Здравствените власти се задоволни од придобвиките на јавно-приватните партнерства со приватните болници. Се пофалија дека добар пример за спојување на јавното со приватното здравство е токму детската кардиохирургија. Во болницата на Жан Митрев, кадар од Клинички за два месеци оперирал вкупно 10 деца.

„Збориме за бебиња од 2 килограми со тешки срцеви мани. Сите се успешни освен што имаше две дечиња коишто не се оперираа бидејќи имаа иноперабилни срцеви мани.“ кажа Владимир Чадиковски, детски кардиохирург.

Трошоците ги покрива Фондот кој има одвоено еден милион евра за таквите интервенции. Беше неизвесно како ќе профункционира овој проект бидејќи доктор Митрев во минатото јавно го критикуваше државниот проект за детска кардиохирургија за нестручност и висок степен на смртност кај оперираните деца – за нив доктор Чадиковски кажа дека биле ризични случаи.

„Надминавме некои суети и некои лични погледи на свет. Сега јас и Чадиковски седиме на едно место и разговараме за еден проблем.“ кажа Жан Митрев, кардиохирург.

Министерот Филипче се уште не знае како ќе се реализира јавно-приватното партнерство во иднина и за друг тип на операции и други гранки во медицината.

Ќе почека неговото министерство целосно да ја анализира состојбата.

„Нема да вложуваме во тоа што најмалку ни треба и тоа што создава долгови – а, тоа се физички згради, цигли итн. Треба да се ориентираме кон ефикасен здравствен систем којшто ќе купува услуги.“ кажа Венко Филипче, министер за здравство.

После претседателските избори, најрано за месец дена, Министерството за здравство ќе почне да анализира за што да инвестира, а за што да користи ресурси на приватните болници.

- Следи Македонски Весник за повеќе содржини -

SHARE