Спасовски: Бројките за новоинфицираните аларм да се почитуваат сите мерки

Прочитај за: 2 минути

Тој укажа дека овие бројки доаѓаат од рестриктивниот период, но како што рече, денеска повторно ќе се разговара и ќе се проценува дали ќе биде продолжена повторно вонредната состојба во државата.

Бројките на новоинфицирани случаи се аларм и апел да се почитуваат сите мерки и протоколи, но доколку продолжи оваа тенденција не се исклучува и повторно враќање на рестриктивни мерки, предупреди денеска премиерот Оливер Спасовски.

Како што вели премиерот, приоритет на сите мерки, протоколи и препораки од надлежните институции се зачувување на здравјето и животот на граѓаните и аргументите за вонредната состојба беа токму тие приоритети, како и справување со здравствената и економска криза, но државата постојано не може да остане во вонредна состојба.

Според него, граѓаните мора да сфатат дека животот и здравјето на семејствата и најблиските се во прашање. Тој укажа дека овие бројки доаѓаат од рестриктивниот период, но како што рече, денеска повторно ќе се разговара и ќе се проценува дали ќе биде продолжена повторно вонредната состојба во државата.

– Знаевме дека по укинувањето на рестрикциите ќе има одредени поместувања на бројките, но донесени се протоколи и за функционирање на угостителските објекти и за останати институции и останува на граѓаните истите да ги почитуваат. Сведоци сме дека вчера ниту угостителските објекти не почитуваа дел од протоколите, но и граѓаните. Бројките на новоинфицирани случаи се аларм и апел да се почитуваат сите мерки и протоколи, но доколку продолжи оваа тенденција не се исклучува и повторно враќање на рестриктивни мерки – рече Спасовски одговарајќи на новинарско прашање во однос на денешните високи бројки на новозаразени случаи со ковид–19, при денешната посета на Крива Паланка.

Во однос на датумот за одржување на изборите кој го спомена вицепремиерот Бујар Османи, 5 јули, рече дека лицитацијата со датуми не му оди во прилог никому, бидејќи уште еднаш повтори врвен приоритет се здравјето и животот на граѓаните.

Извор: Плусинфо

- Следи Македонски Весник за повеќе содржини -

SHARE