Ѓорѓи Спасов: ,,ЛА ВЕРИТА” е под команда на Русија, Геј Серо одново проработи

ѓорѓи спасов, унгарија, будимпешта
Прочитај за: 2 минути

Статус на Ѓорѓи Спасов:

Геј Серо одново проработи

Рускиот вулкан ГејСеро, сместен во Италија, кој има задача да ги помага екстремните десничари одново проработи.
Сега пред приемот на Македонија во НАТО и пред добивањето датум за започнување разговори за членство во ЕУ и пред изборите тој исфрла усмрдена лава со цел да докаже дека ВМРО ДПМНЕ победил на изборите во 2014 година и покрај тоа што Заев купувал гласови.

Сега Геј Серо и неговите спонзири работат на тоа да се заборави Вистината за Македонија, да ги заборавиме гласачите од Пустец, ливче нека снема, црните вреќи, вршчење пишчење, и расипаните лифтови и да не убеди дека “сите се исти”.

Ниту Русија ниту десничарите како ГејСеро не можат да му простат на Заев што Македонија станува членка на НАТО па и на ЕУ и по системот “Сега ми текна” пуштаат оговарачки материјали за купување на гласови од страна на опозицијата во Струмица во 2014. година.

Никој не прашува: Ако имало такви сознанија зошто ВМРО ДПМНЕ тогаш не побарало поништување на изборите во Струмица кога го имаа и мнозинството во ДИК. Зошто по спроведената истрага не биле поднесени кривични пријави од Јован Илиевски баџанакот на Мијалков кој беше на чело на Обвинителството за организиран криминал или зошто низ прсти гледал јавниот обвинител Марко Зврлевски?

Во време на избори велат многу се лаже. Ама ако на тоа се сведува целата кампања на Мицковски тогаш е тоа многу глупаво и тажно.

Што ли го советувал Мицковски својот шеф Груевски во 2014 година кога наводно располагале веќе со информации за “непријателската”дејност на Заев?

Тезата на ГејСеро дека на тој начин Заев во 2014 година станал пратеник а после и премиер не држи воопшто бидејќи Заев не го призна резултатот од тие избори и ги врати сите добиени мандати од страна на СДСМ.

А може сето ова да има врска со неприфаќање на барањето обвинителката Лиле Стефанова да биде сменета или со стравот на “моќникот” Милошоски и бандата дека Закон за Јавно обвинителство сепак ќе се донесе и тие конечно ќе завршат во затвор.

SHARE