Заев и Пендаровски да дадат одговор за 1,6-те милиони евра на сопругот на Црвенковска!

Прочитај за: 2 минути

Наместо Павлина Црвенковска да си даде неотповиклива оставка од ново добиената позиција на претседател на Судски совет, одлучи да проба да и појасни на јавноста дека постапките на нејзиниот сопруг се безначајни и дека се само обични факти случени во некое време пред таа да се кандидира за позицијата која сега ја има, прашуваат оштетените штедачи на Еуростандард банка.

Ние сме должни да и дообјасниме на јавноста преку факти и одговори на прашањата на Павлина Црвенковска, за каква личност всушност се работи.

Имено, од досегашните приложени факти можеме да заклучиме дека семејството Црвенковски успеало да најде правни дупки во законите и правниот систем, и најважно од се, да успее да извлече фантастични 1.600.000 евра заедно со една, сега веќе докажана, банда криминалци од раководството на Еуростандард банка. Да потсетиме, билансите на фирмата Екопласт Рисајклинг во сопственост на Зоран Црвенковски, говорат дека таа била презадолжена и во загуби уште кога и е доделен ненаплатениот кредит, а истиот е одобрен со четири пати помало обезбедување! Фирмата е сега веќе во стечај од 29 октомври 2020 година, само неколку месеци по пропаѓањето на Еуростандард банка.

Оставаме на јавноста да процени дали сопруга на некој кој ја искористил слабоста на системот и своите блиски врски со раководството на банката, е достојна да води еден сериозен орган како Судски совет.

На второто обвинување на Павлина Црвенковска дека гореспоменатиот кредит е изнесен во јавноста во моментот на нејзин избор за претседател на Судски совет, сакаме да укажеме на следното:

Прв пат, името на фирмата Екопласт Рисајклинг ја наведовме во соопштението на 12 ноември минатата година ФИРМИТЕ ИСПЛИВАА НА ВИДЕЛИНА: Штедачите ги објавија имињата на компании кои добивале кредити без покритие (faktor.mk).

Ние знаеме дека од позиција каде моментално се наоѓа Павлина Црвенковска, најверојатно се чувствува дека таа и сопругот се недопирливи за законот и дека ете умешно го изиграле системот, и затоа нема причина да се одговори на истите лица од кои всушност се украдени парите. Ја повикуваме јавно Павлина Црвенковска да одговори кога нејзиниот сопруг Зоран Црвенковски ќе ги врати 1.600.000 евра на нас ограбените физички и правни лица од Еуростандард банка. Црвенковска да одговори и како е можно да му се одобри милионски кредит во евра на нејзиниот сопруг со заложена опрема со проценета вредност четири пати помала од преостанатиот долг. Дали Павлина Црвенковска стана претседател на Судскиот совет за да го амнестира криминалот на нејзиниот сопруг или можеби целиот организиран криминал во Еуростандард банка? Како таа ќе се грижи за угледот на судиите и довербата на граѓаните кон судството, кога за неа се нема ниту углед ниту доверба?

Повеќе >> denesen.mk/

- Следи Македонски Весник за повеќе содржини -

SHARE