На Смилковско езеро биле садистички убиени: Три доживотни казни во случајот Монструм

Прочитај за: < 1 минута

Во овој случај за кој сме тука собрани, по мое лично мислење и чуство, како и на целиот судечки совет, овде никако не се работи за таканаречен обичен кривично-правен настан. Се работи за монструозно садистичко убивање, односно одземање на животи и ликвидирање на деца кои едвај станале полнолетни, како и убивање на еден млад човек.

Ова го изјави судијата Огнен Ставрев кој ја прочита првостепената пресуда на Кривичниот суд во Скопје, во врска со случајот Монструм или петкратното убиство кај Смилковското езеро на 12 април 2012 година, кога се убиени четири момчиња и еден 45-годишнен рибар кој тој ден се затекнал на Смилковското езеро.

Замислете ги чуствата на егзекутираните жртви, рече судијата Ставрев, една секунда пред нивната смрт, односно ликвидација, клекнати на своите коленици на земјата. Замислите ги тие деца и што се не им прошло во нивните размисли во таа една секунда и како ли се чуствувале. Зошто ние и што лошо сме сториле, а не сме ни имале време да сториме.

Според зборовите на судијата Ставрев, да ги замислиме и чуствата на родителиоте и роднините на садистичко убиените жртви. Можеме само да замислиме и да претпоставиме во која психолошка бездна биле тие кога разбрале дека нивните деца веќе ги нема. Исто така дали можеме да претпоставиме како тие се чуствувале и се чуствуваат во долго поминатото време барајќи правда за своите најмили кои никој и никогаш повеќе не може да им ги врати.

Со денес донесената пресуда, Алил Демири, Африм Исмаиловиќ, како и Агим Исмаиловиќ кој е во бегство, се осудени на доживотен затвор поради тероризам за убиството на: Цветанчо Ацевски, Кире Тричковски, Александар Наќевски и Филип Славковски, на возраст од 18-20 години, како и на рибарот Борче Стевковски.

Повеќе >> Во Центар

- Следи Македонски Весник за повеќе содржини -

SHARE