Силјановска Давкова: Вирусот „Заевизам“ ја зарази Владата, а потем и Комисијата за заразни болести, за која мислев дека е имуна на него!

Прочитај за: < 1 минута

Професорката Гордана Силјановска- Давкова на социјалните мрежи напиша:

ВИРУСОТ наречен „ЗАЕВИЗАМ“!

Ја помните ли дефиницијата на „ЗАЕВИЗМОТ“: кажувам, негирам, заборавам или „реков, пореков, заборавив“! Се шири како вирус, ја зарази Владата, а потем и Комисијата за заразни болести, за која мислев дека е имуна на него!

Да потсетам: Владата, врз основа на здравствената оценка и проценка на Комисијата за заразни болести, му предложи на Претседателот да донесе одлука за вонредна состојба од нови 30 дена, значи до 15 јуни.

Како гледате тогаш на барањето/диктатот за избори најдоцна на 21 ви јуни, ама и на одлуката за полициски час од 58 часа, на која, со право се противи министерот Чулев!

Не ве потсетува ли ова на коцките на градоначалникот, кои што, ту ги има, ту ги НЕМА!

SHARE