Шилегов: Ќе тужам, лажна е веста дека градот платил 260 илјади евра за дочек на Нова година

Прочитај за: < 1 минута

Првиот човек на Скопје, Петре Шилегов ги отфрли информациите дека градот платил баснословни суми за дочекот на Нова година, кога настапи Дино Мерлин.

„Лажна е веста дека градот платил 260 илјади евра за дочек на Нова година и ќе тужам. Одредени портали креираат лажни вести со цел на граѓаните да им се прикажат лажни информации. Имавме најспектакуларен дочек на Нова година. Некој очигледно сака тоа да го девалвира. Само за Нова година имавме гости 35 илјади туристи“, истакна Шилегов.

Извор: Фокус

- Следи Македонски Весник за повеќе содржини -

SHARE