Град Скопје негира дека има одлука од судот во полза на скопските пожарникари, кои бараат заедно со платите да им се исплаќа и надоместок за опасност при работа. Градоначалникот Петре Шилегов во врска со ова изјави:
– Работиме на изнаоѓање на системско решение како би се надминал проблемот, до тогаш градот и да сака не постои начин како дa ја врши оваа исплата. Ако некој смета дека му е мала платата во противпожарната бригада, додека не го најдеме системското решение, во секое време може да си побара работа на друго место.
Пожарникарите на Град Скопје вчера мирно протестираа во Бригадата во Автокоманда. Тие на 18 октомври до Градот испратиле барање во платата за октомври да биде внесен додатокот и во рокот кој го дале од пет дена, не добиле одговор од градските власти.
Поѓарникарите се заканија дека доколку до крајот на вчерашниот ден не добијат позитивен одговор, утре ќе протестираат пред седиштето на Град Скопје.
Извор: Плусинфо