Шилегов: Останувам на ставот, ако сакате празнична атмосфера за Божик сменете го датумот

Изјавата на градоначалникот Петре Шилегов, каде ја повикува МПЦ да го смени календарот, за Божик да се слави „како во сиот свет“ наиде на остри реакции во јавноста.

Денеска, прашан дали е сериозен во врска со изјавата, градскиот татко рече дека останува на ставот, дека е нелогично што само Македонија, Србија и Русија слават Божик на 7 јануари.

– Мене ми е сеедно кога ќе се слави Божик, ама ако сакате да има празнична, новогодишна атмосфера, тогаш нека го преместат. Не ми е јасно како може да има божикен пост, а да се слави Нова година, останува Шилегов на неговиот став.

loading...
SHARE