Шекеринска: Чепкањето на Преспанскиот Договор, е исто како на Балканот да се пали буре барут!

Прочитај за: < 1 минута

Министерката за одбрана, Радмила Шекеринска денеска апелираше за штетноста доколку се направи измена или поништување на Договорот од Преспа, нешто што беше најавено од опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

„Без Договорот од Преспа, нема членство во НАТО. Без членство во НАТО нема стопроцентна безбедност. Без НАТО нема зголемени инвестиции. Без разлика дали овие наводи се сериозни, да се чепка во Договорот од Преспа е исто како овде на Балканот повторно да се пали бурето барут. ВМРО ДПМНЕ никогаш не успеа да постигне решение со кое ќе се признае македонскиот идентитет. Оваа влада успеа да го исполни државниот сон. Тој договор не случајно беше поздравен. Поништувањето на Договорот би не враќало назад, во нова неизвесност и нова изолација. Ги повикувам пратениците од опозицијата да го поддржат Законот за одбрана. Во последниот период паднаа во вода сите лаги. Со Законот за одбрана значи дека ќе бидеме под чадорот на безбедност на НАТО. Јас сум сигурна дека изборите ќе ги организираме како членка на НАТО алијансата“, истакна Шекеринска.

SHARE