Селами: Тивок бојкот на македонското население, може да го одложи пописот

Прочитај за: < 1 минута

Заменик-директорот на Државниот завод за статистика, Хилми Селами, синоќа во емисијата „Патот кон“ на Алсат ТВ рече дека пописот како статистичка операција може да биде одложен доколку се почувствува тивок бојкот кај дел од македонското население .

„Имаме доволно време за подготовка за кредибилен попис. Но истиот можат да го одложат само две причини.

Прво, не очекување, но евентуално влошување на состојбата на пандемијата и

второ, тивкиот бојкот од страна на македонската опозиција.

Ако вие не успеете да попишете поради тоа илјада или две илјади лица, пописот не е целосен“, рече Селами како што пренесе Фактор.

Според законот за попис на населението, кој вчера беше изгласан во Собранието, врзан потпис на резултатите треба да стават и Селами и директорот на заводот Апостол Симовски.

- Следи Македонски Весник за повеќе содржини -

SHARE