СДСМ: Проверка на потеклото на пари кај секој функционер

сдсм, избори, 5 јули
Прочитај за: 2 минути

Ви честитамe на одлуката што ја донесовте на 15 јули, земјата да продолжи по вистинскиот пат, по патот на економскиот раст и развој.
Ви го честитамe формирањето на новата одговорна и транспарентна Влада посветена на интересите на граѓаните и државата, се вели во денешното соопштение на СДСМ.

-Постигнат е коалициски договор меѓу СДСМ и ДУИ втемелен на силни принципи и поделба на одговорности во новата Влада предводена од СДСМ и претседателот Зоран Заев, која во полн, четиригодишен мандат ќе испорача резултати пред граѓаните.

Квалитетни, чесни, одговорни и отчетни кадри ќе бидат предложени за сите ресори од двете страни, кадри кои се подготвени во целост да ги испорачаат програмските определби и принципи коалицискиот договор

Во Владата нема да се предлагаат министри без ресор, а исклучок ќе бидат вицепремиерските места.

Силна определба на коалициските партнери е да се јакне економскиот стандард на сите граѓани, платите да продолжат да растат, да се вложува во нови работни места, да се дава поддршка на домашниот приватен сектор и да се продолжи со привлекување на странски инвестиции.

Посветени сме на неселективна борба со криминалот и корупцијата на сите нивоа.

Како коалициони партенери, целосно сме согласни да се спроведе прочистување на правосудството и проверка на потеклото на пари и капитал кај секој функционер, низ систем што заеднички ќе биде договорен и кој ќе ги земе предвид најдобрите европски пракси.

Заедничка е определбата во борбата со коронавирусот која треба да остане врвен приоритет на јавното здравство.

Меѓу коалиционите партнери, постои сериозна посветеност приоритетно да ги спроведуваме сите реформи во однос на нашето членство во Европската Унија

Пржинскиот модел на техничка влада 100 дена пред избори, ќе биде укината преку измени во Законот за Влада.

Активно ќе работиме на реализација на моделите за намалување на обемот на администрацијата за 20%, со цел граѓаните да добијат поквалитетни, подобри и побрзи услуги.

Овие заемно прифатливи принципи стануваат дел од новата владина програма, програма која целосно ќе го следи патот исцртан со членството во НАТО, патот определен со Договорот од Преспа со Грција, Договорот за пријателство, добрососедство и соработка со Бугарија и Охридскиот рамковен договор. Тоа е европскиот пат, патот на економијата, правдата и еднаквост.

За две и пол години покажавме дека знаеме и умееме да ги решаваме големите отворени прашања, но и ги унапредиме условите за живот дома, да обезбедиме повеќе пари кај сите граѓани.

Тоа ќе продолжиме да го правиме уште повеќе и уште подобро.

Во следните 4 години ќе покажеме дека можеме уште повеќе и уште подобро да работиме за нашите сограѓани, за нашата татковина, се вели во сооптението на СДСМ.

- Следи Македонски Весник за повеќе содржини -

SHARE