Утре СДСМ и ДУИ ќе го кажат името на непартискиот кандидат

Името ќе го соопштат в петок, по враќањето на премиерот Зоран Заев од официјалните посети на Романија и на Австрија

Прочитај за: < 1 минута

Лидерите на ДУИ и СДСМ се договорија да настапат на преседателските избори со заеднички кандидат. Веста ја објави лидерот на ДУИ, на неговиот Фејсбук профил. Ахмети се надева дека концептот ќе наиде на поддршка од мнозинството на граѓаните. Името ќе го соопштат в петок, по враќањето на премиерот Зоран Заев од официјалните посети на Романија и на Австрија.

Ова е епилогот од вчерашната средба Заев-Ахмети, од која, покрај одлуката за заеднички кандидат, воопшто не стигнаа одговори дали се разговарало и за собраниските настани од минатиот викенд, кои ги раздрмаа односите во владејачката коалиција.

– Направивме суштинска анализа, имајќи предвид дека треба да воспоставиме еден стандард во нашата земја, иако обиди за тоа имаше и порано но беа неуспешни. За да дадеме една здрава порака кон нашите граѓани дека имаме доволно зрели политички партии но и општество за да донесат заеднички одлуки за претседател на државата. Се договоривме на овие избори да излеземе со заеднички кандидат. Ова да стане стандард и во иднина кој ќе биде еден од корисните нови стандарди за граѓаните и државата, нагласи Ахмети.

SHARE