Саше Политико до Героски: Скриј се бе Геро, да можеше да те види Роберто како и служиш на мафијата ќе си ги истуреше цревата од повраќање

Прочитај за: 2 минути

Само со Роберто не се скара затоа што човекот е мртов и не може да те види во што се претвори.

Со Тричко се скара, со Ненад се скара, со Спасов се скара, со Фрчко се скара, со Жаре се скара, со Ордановски се скара… Знаејќи колку Гошев го мириса Камчев чиј што си портпарол овие денови, можам да замислам што мисли за тебе сега… Со мене одамна ја спука… Се претвори во АНТИ -ДОТ на Геро од пред 10 години кога беше на барикадите против режимот и мафијата.

Но што се деси у меѓувреме? Почна отворено да агитираш и врескаш за амнестија на крииналите на претходниот режим и нивните олигарси.

Им стана портпарол, објавуваш нивни БОМБИ ДАГАУ, ГЕРО ЌЕ ГИ ПУКА, им правиш ПР на фирмите кои демек сега нешто донирале. Ги омаловажуваш сите успеси на прозападните либерални власти, членстовто во НАТО и старт на преговори во ЕУ ги исмеваш…

Го ретушираш Груевизмот. ВМРО ДПМНЕ го фарбаш во некаква прозападна реформирана анти мафијашка партија а таа е СЕ СПРОТИВНО ОД ТОА!

Буквално го правиш се што го правеше Латас пред 10 години, дури со него и се здружи, со Ивона и со сите загари на ВМРО ДПМНЕ кои лаеа исто и пред 10 години и сега, само во корист на ВМРО ДПМНЕ.

Од Алфа ТВ не се симињаш, таа финансирана со украдените пари кои сега се на сметки во Будимпешта.

Роберто да те видеше сега ваков имаше цревата да си ги истури бе Геро, а потоа ќе фатеше да те исмева, како што го прави Тричко тоа сега.

Има само една енигма за тебе, дали тогаш се преправаше дека си прозападен анти режимски либерал и борец против мафија и борец за правда или сега се преправаш дека си мафијашки анти западен куртон, затоа што двете одеднаш не може човек да биде па макар и на размак од 10 години…

Кој си бе ти Геро, кој е вистионскиот Геро, овој денес, или оној пред 10 години?

SHARE