Политико: Луѓе, наречете ме малодушен, ама јас и на ова се радувам, и ова е пуна капа за мене

Прочитај за: 2 минути

Дечки убаво е што вие што сакате се да биде потаман и се да биде идеалано и што не се задоволувате ако нешто фали и ако работата не е ПЕРФЕКТО ама ја сум па човек како и мислам над 90% од народот што во животот морал многу често да се задоволува со чашата е полу празна па дури и скоро испиена, и мене ова со Грујо и Мијалков и не ми е далеку од победа и триумф на доброто врз злото.

Да, тие не се во затвор, ама оцрнети се, етикетирани се, тргнати се од власт, тргнати се од политиката, во бегство се, а и тоа е некаква казна, немој да мислите дека не е…

И во затвор да се, тие пак ќе бидат живи, ќе јадат, ќе пијат, ќе примаат посети од своите. Сега ќе се некаде во туѓина, секако во раскош тоа не го негирам, но не се таму каде што им е најубаво, дома, не се околу и до своите, немаат моќ, немаат големо влијание и не можат да направат повеќе значителна штета и да украдат народни пари, нивното злосториничко воијание врз земјата е значително ограничено. И тоа е сепак некаква победа.

Не сакам да релативизирам, и јас сум разочаран како и сите вас, но во исто време пак мене животот ме научил да гледам на работите со оптимизам и секогаш во се да барам нешто добро и користно и позитивно. Во овој случај со бегствата на Грујо и Сашо, има сепак многу позитивни ствари. Конечно, тие се еднаш за секогаш, тоа што секогаш и беа за дел од нас, ама сега за сите ќе бидат тоа, КРИМИНАЛЦИ, БАРАБИ, БАНДИТИ, МАФИЈАШИ, ЛОПОВИ!!!

Реков, вака канџите им се далеку од народните пари, од институциите, од делењето правда, од уништувањето човечки животи, од политичките и економски процеси, нивните злобни души и отровите што тие ги испуштаат ќе имаат влијание таму некаде далеку, многу далеку од нас…

Повеќе >> maktel.mk

- Следи Македонски Весник за повеќе содржини -

SHARE