[Видео-Саботажа] Тема: “Афера Рекет”

(ВИДЕО) БРУТАЛНА САБОТАЖА НА СРЕЌКО ПОПОВСКИ НА ТЕМА АФЕРА РЕКЕТ!

Aко идеологизираш и својата кариера во високото друштво ја крепиш на ликови што својот коњ го прогласиле за конзул, тогаш неизоставно се залетуваш како теле во шарена врата, кое се надева дека ќе цица до последната капка.

„Ако продуктивноста на една крава беше 17,18 литра по крава по млеко, денеска е преку 30 литри од една крава…тантара-пантара“

Не се знае колку би давале оние говеда што се од посебен тип, за чија издашност на долго и широко се плетеа приказни, тие во чија безгранична моќ, во чија најголема светост многумина се колнеа дека ќе биде толку продуктивна што ќе ги надмине границите на можното.

„Јас не сум супермен, јас сум човек како и сите… кој го измисли то нешчо“

Тоа што и тој материјал бил од исклучително слаб квалитет, не било доволно за прст на чело, за преиспитување на мисијата, за која очигледно владеела толку голема еуфорија, што дури се сметало дека е поддржана од сили кои што ги надминуваат дури и натприродните.

„Се тоа што го правиме, го правиме во чест на бога…зшчо, за да прает пари“

Изгледа дека дури ни тој не бил доволен, па морало да се бара помош и од измислени карактери, за се да изгледа како наивна детска приказна а не за атак врз целиот систем од лица за кои очигледно не може да со сигурност да се утврди дека живеат на оваа планета.

„Вие ќе кажете, види будала се облекол како марсовец, костумот кој што го носам на себе е инспириран од приказната од делото од волшебникот од ОЗ… тој шо е? Цајкан е?“

И кога не може да се распознае што е целта а што патувањето, тогаш се уште неосудениот плен, прифаќајки ја понудената јамка, поставува голема и сериозна замка, во која упаѓаат оние лекомислени што си помислиле дека го загубил предаторскиот инстинкт.

„Се измешаа картите, се измешаа баби жаби…и пак сме најголемите будали во светов“

Во таа каша-попара, во која освен стравичните аудио-записи, дополнително шокантно треба да делуваат објавените политички фото-сеанси на возљубените во ликот, некако постојано се игнорира критичката инка на тоа поведение, низ која протекува куртоазна хипокризија од причина што во ек на грен-слемот, преку специјална видео-сесија му се дава значење на деловниот успех на рекетот број еден.

„Ви посакувам многу успеси на професионален план, на деловен но и на личен план.,…апсурдот најголем, што е најголемиот aпсурд е овдека?…Нека ви е среќен првиот роденден 1тв

И кога ескалацијата на тие апсурди, на тој невкусно смешен микс, зачинет со сочен италијански ќе доживее кулминација и од калварија ќе почнат да се наѕираат политички черепи, на сцена стапува однапред подготвениот естраден примитивизам, кој е единствениот безбеден коридор за изнаоѓање пат од безизлезот.

„Нема да дозволам, неколку криминалци, еден суетен новинар и да ми извини ЛГБТ заедницата, еден педер да ја симнат оваа влада од власт…ние сакаме овдека да имат полицаец“

И на крајот на оваа епопеја чии современици сме.

„Ова е последно што ќе дојдам, еве така да знаете. Последно. Не доаѓам веќе. И сега ќе си одам… Ќе дојди некој не знам од каде, што не знает како се влегвит овде, имат рампи и ќе заглавит“

Со изгубен компас, кај и да тргнеш, насоката е погрешна. Во немирни води, без перископ, дури и длабочината е толку плитка што наместо на белата страница на историјата, патот води кон темна затворска зандана.

loading...
You Might Like
SHARE