Русковска за објавените аудио снимки на Јутјуб: Првпат ги слушам, не беа на хард дисковите што ни беа доставени

Аудио разговорите кои пред десет часа беа објавени на Јутјуб, а во кои се слуша како глас кој на ликува на оној на бизнисменот оштетен во случајот „Рекет“ зборува со друго лице, поврзано со случајот не биле во доказите доставени до обвинителството на хард дисковите, потврди шефицата на обвинителството за организиран криминал и корупција, Вилма Русковска, која го води случајот „Рекет“.

„Првпат ги слушам. Не беа на хард дисковите што ни беа доставени“, вели Русковска за Локално и додава дека обвинителството ќе ги истражува снимките, но и тоа кој ги објавил на Јутјуб.

Во разговорите се слуша како гласот кој наликува на оној на бизнисменот вели дека нема да дозволи да му го газат достоинството, додавајќи дека се расчистил и со Сашо Мијалков.

loading...
SHARE