[Видео] Бегството на Мијалков е голем удар и срам за нашиот правосуден систем

фросина ременски, сашо мијалков
Прочитај за: < 1 минута

Бегството на Мијалков е голем удар и срам за нашиот правосуден систем.

За мене ова не е неочекувано и е голема опомена час поскоро да се направи реструктурирање на редовите на рамките на институциите по однос на одговорноста, за прашањата за оваа „дозволена неказнивост“.

Ако Таргет – Тврдина беше случајот кој што многумина го именуваа „мајка“ на сите случаи, јас се чудам како Сашо Мијалков и сите останати во процесот, не ја дочекаа пресудата во притвор.

Зачудува леснотијата со која што и ЈО и Судот, а секако и полицијата во делот на превентивата, го занемарува моментот дека токму запретената казна во овој случај, дозволи Мијалков да биде на слобода и да ја дочека пресудата и да не се даде во бегство.

Сашо Мијалков требаше да биде во притвор сиот период додека се водеше случајот, но не само за незаконското прислушкување, туку и за многу случаи кои сега ќе се актуелизираат, изјави во Утрински брифинг проф. Фросина Ременски.

Повеќе >> Слободен Печат

- Следи Македонски Весник за повеќе содржини -

SHARE