Реакција на Пендаровски по изјавата на Мицкоски дека претседателот бил дволичен

Прочитај за: < 1 минута

Попладнево од Кабинетот на претседателот на државата испратија реакција, откако денеска во медиумите лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски рече дека тој е дволичен

“Ставовите на претседателот Стево Пендаровски за настаните од 27 април се кристално јасни на македонската јавност и тие воопшто не зависеа од средбата со господинот Мицкоски.

Фактот што по вчерашната средба немаше заедничко соопштение, ниту заедничка прес-конференција, јасно покажува дека секој од соговорниците по средбата ги кажуваше само своите ставови и оценки за тие настани.

Инаку претседателот Пендаровски никогаш во јавноста не коментира детали и барања од своите соговорници, особено оние кои се надвор од темите најавени за разговор, така што тоа нема да го направи ниту овој пат“, велат од кабинетот на претседателот Стево Пендаровски.

SHARE