Рашковски: По одморот ги чекам ВМРО-ДПМНЕ и Чулев на дебата

Прочитај за: < 1 минута

Правните дилеми околу набавката на софтверот, поранешниот генерален секретар на Владата, а сега секретар во премиерот на кабинетот, Драги Рашковски, ги остава на институциите, додека за политичките аспекти ја кани ВМРО-ДПМНЕ, преку поранешниот технички министер за внатрешни работи Наќе Чулев, на дуел.

– Правните дилеми треба да оставиме да ги решаваат оние кои за тоа се задолжени: полиција, обвинителство, суд. Политичката дебата ако може и да се нарече дебата која се отвори може да се разјасни преку политички дуели.

Ќе заврши мојот, ако после сѐ може да се нарече, одмор, па нека повели ВМРО-ДПМНЕ преку оној кој ме повика, поранешниот министер Наќе Чулев, да дојде и да дебатираме. Не само за ова.

За сè што до сега ме обвинуваа, изјави Рашковски за телевизија Канал 5.

Извор: kanal5.com.mk

- Следи Македонски Весник за повеќе содржини -

SHARE