Промена на планот, ракометарите во 20.30 часот ќе слетаат во Скопје

Прочитај за: < 1 минута

Ракометарите на Вардар со задоцнување ќе пристигнат на скопскиот аеродром, поради административни причини, како што појаснува скопскиот градоначалник, Петре Шилегов.

-Почитувани, заради административни причини (пасоши, документи и сл) авионот од Келн ќе полета во 18.00 часот. Слетувањето во Скопје е најавено во 20.30 часот.

Останатото останува исто. Се гледаме на централниот градски плоштад Македонија на достоинствен пречек на нашите шампиони !!!

Напред Вардар !!!, напиша на фејсбук Шилегов.

- Следи Македонски Весник за повеќе содржини -

SHARE