Профитери од Виница преку прозорец „тестираат“ за корона, а пациентите самите си го земаат брисот!

Прочитај за: 2 минути

Пациенти од Виница, се јавувале кај матичните лекари за да им кажат дека се „негативни“ на коронавирусот, откако дома им дошол некој да ги тестира со тест „кој покажувал една или две цртки“и „се правел со една капка крв“, пренесува  Слободен Печат

Според нашите извори кои се матични лекари во Виница, ваквото тестирање, кое е сосема незаконско, медицински неиздржано, нерелевантно, опасно и претставува општа закана за јавното здравје, го извршувале лица со сопствено возило и за него наплаќале 1000 денари.

За ваквата појава добивме потврда од два независни извори во Виница.

Станувало збор за луѓе без никакво медицинско образование, без никаква медицинска експертиза, без никакво медицинско искуство, кои што на грбот на граѓаните суспектни на Ковид 19, дебело профитираат!

-Се случува ситуација, каде што по куќи одат и тестираат со брзи тестови кои ги наплаќаат 1000 денари и тоа луѓе кои не смеат тоа да го прават. Со приватно возило по куќи тестираат. Пациентот потоа вели негативен бил, а ние сме доктори и знаеме дека не може со една или две цртки да се потврди дали си негативен или позитивен. Што се случува, имено до сега имаме пет или шест вакви случаи, кога наши пациенти ни кажуваат дека веќе се тестирале дома. Има два начина на кои што се прави тестирањето. Телефонски се договараат, и ,,тестирачите” преку прозорец им подава лента и им дава стапче. Им вели да си земат самите брис од нос и од грло и да го намачкаат на лентата и зависно од тоа дали им покажува една или две цртки, да видат дали се позитивни или негативни. Потоа таквите пациенти се јавуваат кај нас, со сите симптоми на Ковид! Не добиваат ниту документ дека се позитивни или негативни, зашто ова се прави на црно, нема фискална сметка, нема ништо! И сопругот и сопругата си се позитивни сега и ги водиме кај нас во системот, велат нашите доброупатени извори кои што ги водат граѓаните што во домашни услови се тестирале на ваков комплетно нелегитимен начин.

Повеќе >> Слободен Печат

- Следи Македонски Весник за повеќе содржини -

SHARE