Приведување и кривична пријава за организаторот на протестите против поскапувањето на струјата

Прочитај за: < 1 минута

Во пресрет на најавените денешни протести, доцна синоќа во Тетово опожарени се две возила на ЕВН. Инцидентот го потврдија и од МВР од каде велат дека пожарот бил предизвикан со запалива течност.

Возилата целосно изгореле, а од пожарот било зафатено уште едно возило со тетовски регистарски ознаки.

Воедно, од МВР информираат дека на информативен разговор во полициска станица во Тетово бил приведен Кренар Османи, кој е организатор на протестите против поскапувањето на струјата.

Тој за ТВ21 потврди дека бил приведен и како што тврди поднесена му е кривична пријава, само заради тоа што напишал статус „Сакате игра, и ние ќе ја играме играта“.

Како што вели тој, кривичната пријава е за опожарување на двете возила, а целиот случај ќе продолжи во судска постапка.

Од ЕВН го осудија овој инцидент и како што велат, по ова ќе ја зголемат безбедноста на своите вработени.

SHARE