[Видео] Заменик министерoт за правда Оливер Ристовски ги нарече ВМРО-ДПМНЕ фашисти

Прочитај за: < 1 минута

Заменик министерoт за правда Оливер Ристовски вчера во емисијата „24 анализа“ ги нарече фашисти. Во дебатата, адвокатот Тони Менкиноски, претседател на правната комисија на ВМРО-ДПМНЕ, му посочи на Ристовски дека со неговите изјави и постапките на власта го навредува и понижува сопствениот народ.

Расправата започна поради предлогот за измена во Законот за јавнообвинителска служба со кој државниот јавен обвинител ќе може да се грижи за специјалните обвинители, или како што посочи Мекниноски „Да ги прими пак на државна чешмичка, да си живеат мирно и спокојно, ние да ги плаќаме со даноци, пак да си земаат надоместоци…“

Срамота е тоа, срамота! Го понижувате мојот народ, кој е многу паметен! Вака не се однесува припадник на Македонија, кој ја сака државата. Мора да се соземете, го понижувате сопствениот народ, му порача Менкиноски.

На ова Ристовски одговори:

Фашизмот на ВМРО-ДПМНЕ од 2006-2016 го уништи овој народ, рече Ристовски.

Кога Менкиноски побара јавно да се извини за тоа што ги нарекол „фашистичко здружение“, Ристовски не само што не се извини туку и го поправи:

Не реков здружение, реков ФАШИСТИЧКО ВЛАДЕЕЊЕ.

Министер на Заев ги нарече ВМРО-ДПМНЕ фашисти!

Министер на Заев ги нарече ВМРО-ДПМНЕ фашисти!

Publiée par Republika Nedelnik sur Vendredi 6 décembre 2019

SHARE