Потврдени 13 нови случи на ковид-19, четворица починати, 53 оздравени

мз
Прочитај за: 2 минути

Министерството за здравство информира дека денеска Институтот за јавно здравје регистрира 53 оздравени од ковид-19. По градови: Скопје-25, Куманово-13, Прилеп-5, Струга-1, Битола-4, Охрид -1 и Кочани-4.

На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби починаа две лица, 58-годишна пациентка од Желино, Тетово, примена на клиниката на 21 април со тешка форма на болеста и 81-годишна пациентка од Куманово, лекувана на клиниката од 15 април. И двете пациентки страдале од висок крвен пристисок.

Во ГОБ „8 септември“ почина едно лицe од Куманово на возраст од 47 години, примен на болничко лекување на 3 април во тешка состојба и долго време приклучен на респираторна машина. Почина и пациент од Битола кој се лекуваше во болницата во Битола. Пациентот бил на возраст од 66 години и во тешка општа состојба, со срцева слабост и цироза, соопштува Министерството за здравство.

Во изминатите 24 часа направени се 289 тестирања, а потврдени се 13 нови случаи на ковид-19 и тоа во: Скопје – 4, Куманово – 5, Прилеп – 2 и Тетово-2.

Со ова вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја изнесува, 1399 а последната дистрибуција по градови е следна:
 Скопје – 475
 Куманово – 376
 Дебар – 51
 Штип-34
 Прилеп –143
 Тетово – 75
 Струга – 64
 Велес – 66
 Битола –19
 Охрид –15
 Кавадарци – 5
 Гостивар –15
 Гевгелија – 4
 Струмица – 2
 Крива Паланка-5
 Радовиш – 4
 Крушево – 3
 Кочани – 28
 Пробиштип – 2
 Кичево – 2
 Неготино -4
 Демир Хисар – 1
 Македонски Брод -2
 Пехчево- 1
 Валандово -1
 Виница – 2

Направените 289 теста се преку: ИЈЗ –226, Ветеринарен ф-тет -9 , Авицена –12 ,Биотек –0, Филип Втори (Жан Митрев) –0, Систина со PCR метода -38 и МАНУ -4. Досега во земјата се направени вкупно 15409 тестирања на ковид -19, информира МЗ.

На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби е примен еден пациент, а хоспитализирани се вкупно 61. Од нив 18 се со потешка клиничка слика и на кислородна поддршка, а 5 пациенти се на механичка вентилација.

Во ГОБ „8 Септември“ примени се осум нови пациенти, а вкупно хоспитализирани 32. На респираторна машина се 7 пациенти, а со потешка клиничка слика уште 4.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 7, а се следат вкупно 8 пациенти во домашно лекување, додека во болницата во Штип се лекуваат 2 пациенти, а се следат уште 9. На инфективните одделенија во болниците во Куманово, Велес и Прилеп се хоспитализирани 50 пациенти, потврдени и суспектни на ковид-19, се вели во соопштението на Министерството за здравство.

SHARE