Саше Политико: Го колнете и пцуете Заев ама сакате и членство во ЕУ и платаи 1000 евра, но Заев е голем човек ќе ви прости…

Прочитај за: < 1 минута

Го колнете и пцуете Заев, сакате да биде голем популист како Грујо, да ги пцуе бугарите, ама сакате и членство во ЕУ и плати од 1000е, и ќе ги имате, но Заев е голем човек, на сите ќе ви прости, и ќе бидеме членка на ЕУ и на НАТО и ќе бидеме Македонци.

Заев е маченик, се жртвува за доброто на земјата, народот, граѓаните, идните генерации.

Сигурен сум дека денешните клетви, повици за убиство, пцовки го болат повеќе од тепањето на 27-ми април.

Тогаш го тепаше мафијата и режимот, сега нож во грб му става дел од народот, баш тој за кој тој се жртвува.

Многумина бараат од него да биде голем херој како Груевски, да ги отера Бугарите во мајчината, но сакаат и плати од 1000е и членство во ЕУ… Ако ги послушаше Заев за првото, потоа никад немаше да влеземе во ЕУ, сите да се отселаеа од земјава, Заев да владеше херојски неколку декади, народот да јадеше корења…

Повеќе >> Мактел

- Следи Македонски Весник за повеќе содржини -

SHARE