Саше Политико: Ех да имавме 100 Фрчковци и да ги пратиме во метрополите ширум светот, а не да се брукаме со амбасадори како Боцевски, Чашуле, Донев, Наумовски, Никовски…

Прочитај за: < 1 минута

Превземено од порталот Мактел:

“Ги читам реакциите на небањатите на веста дека Фрчко Национале ќе оди за амбасадор на земјата во Вашингтон и се смеам… И си мислам, еее да имавме 100 луѓе од калибарот на професорот Фрчковски и да ги пратевме во 100 метрополи ширум светот, каде ли ќе ни беше крајот…

Можете ли да го замислите нашиот Фрчко на некој коктел во Вашингтон, таа харизма, тој интелект, таа начитаност, тој хумор, анализа, снаодливост, стил, колку ли само ќе биде препознатлив ефективен корисен за земјата, колку ли само нови пријатели ќе придобие за земјава, колку ли силно ќе лобира за нас во престолнината на светската суперсила…

Ех само да можевме да го некако реплицираме во некоја машина па истиот тој Фрчко да го пратиме во Москва, Пекинг, Рим, Берлин, Париз, Лондон, Амстердам, Осло, Стокхолм, Белград, Софија, Атина…

Наместо досегашните ропаци и лузери и тешки ШАЈШУТКИ какви што сме имале за амбасадори како Наумовски, Никовски, Боцевски, Чашуле, Донев кои биле во најголемите метрополи, какви ли глупости и лапсузи и гафови имаат направено овие тешки ѓубриња…

И после се чудите што како земја сме речиси секогаш онеправдани, сме ги изгубиле сите дипломатски битки, последни влеговме во НАТО, во ЕУ уште се мачиме, дипломатијата ни беше осакатена, шеф на неа беше еден Антоњо Милошоски, крај, што понатаму да збориме, дај да смениме тема…”

Извор: Maktel

- Следи Македонски Весник за повеќе содржини -

SHARE