Полицијата не го најде Миле Јанакиески дома

Прочитај за: < 1 минута

Полицијата за спроведување не го пронашла поранешниот минситер за транспорт и врски Миле Јанакиески дома, бидејќи тој повеќе не е во куќен притвор туку во истражниот затвор „Шутка“, па поради тоа не бил во можност да присуствува на денешното судско рочиште за случајот „Шамари во Центар“.

Поради оваа причина рочиштето се одложи, а обвинетиот Јанакиески не бил доведен на судењето. Наредбата за негово  спроведување била испратена за тој да се донесе  во судот од домашен притвор, а во меѓувреме тој заврши во Шутка.

Тој и уште седуммина уште во петокот се однесени во притвор по најновата истрага на Обвинителството за организиран криминал со четири државни плаца кои државата не ги вратила назад повторно во своја сопственост.

Јанакиески досега неколку пати влегуваше и излегуваше од притвор како осомничен во повеќе случаи. До одредувањето на новата мерка, тој беше во домашен притвор.

извор – фактор.мк

- Следи Македонски Весник за повеќе содржини -

SHARE