Почина претседателот на првата влашка политичка партија во Македонија – Мите Костов Папули

Мите Костов Папули
Прочитај за: < 1 минута

На 61-годишна возраст денеска почина Мите Костов Папули, претседател на првата влашка политичка партија во Македонија. Папули ја изгубил битката со ковид-19.

Мите Костов Папули е роден во с. Аџибегово, Светиниколско, а дипломираше и магистрираше на Економскиот факултет во Скопје.

Беше долгогодишен активист и борец за влашкото прашање, со својот ангажман даде огромен придонес за промовирање и афирмирање на влашкиот јазик и култура.

Мите Костов Папули е добитник на многубројни домашни и меѓународни признанија и плакети во врска со неговиот ангажман околу влашкото прашање, но и во областа на економијата.

Извор: Слободен Печат

- Следи Македонски Весник за повеќе содржини -

SHARE