По Орбан, Мицкоски на средба и со Јанша во Љубљана: Светот оди напред, ние молиме за вакцини

Мицкоски
Прочитај за: < 1 минута

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски ја продолжува мини-турнејата по земјите од регионот и Европа. Од денеска тој пестојува во Словенија каде, како што најави на својот профил на Фејсбук, ќе се сретне со премиерот Јанез Јанша.

Мицкоски во кусиот статус критикува дека овие европски земји одат со крупни чекори напред, додека ние сè уште молиме за донации за вакцини против ковид-19.

– Земјата оваа година се подготвува за претседателство со ЕУ. Дискусиите се за водење на зелените политики. Во здравството, Владата на Словенија очекува до почеток на летото да биде вакцинирано 70 проценти од вкупното население против ковид вирусот. Словенија нарача 3.227.948 милиони дози на вакцини. Светот оди напред со големи чекори. А кај нас главно е тоа што нема вакцини, освен оние кои се добиени како донација, што е премала количина за вистинските потреби, напиша Мицкоски на Фејсбук.

Од, како што наведува, краткиот престој во Унгарија, видел дека главниот предизвик на младите е како да ги усовршат системите за вештачка интелигенција и нивната примена во секојдневниот живот.

– Оваа 2021 година очекуваат економски бум, поголем од сите години претходно. Се зборува за новиот пакет од 5,18 милијарди долари евтини кредити кои ќе бидат на располагање на домашните бизниси како директна помош за економијата. Годината што измина економијата растеше со 4.9 отсто, додека нашата е во рецесија, напиша Мицкоски.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ обвинува дека кај нас сè уште нема одговорност за кој било за случајот со пациентката која на породување изгуби три органи.

Повеќе >> Слободен Печат 

- Следи Македонски Весник за повеќе содржини -

SHARE